НА 03.04.2015г НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ОДБЕЛЕЖА 45 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО И ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК. НА СВЕЧЕНАТА СЕДНИЦА БЕА ПРОГЛАСЕНИ И ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ЗА УЧЕБНАТА 2014/2015 година.
1. ПЕТАР НАЈДОВСКИ – КЛАСА ТРУБА НАСТАВНИК ЗЛАТКО ЈОВАНОВ И ВАСКО РОШКОВ
2. ПЕТАР ГАЛАПЧЕВ – КЛАСА ТРУБА НАСТАВНИК ЗЛАТКО ЈОВАНОВ И ВАСКО РОШКОВ
3. КАТЕРИНА ЃОРЃИЕВА –КЛАСА ПИЈАНО НАСТ. ЈЕЛИЦА ЛАЗАРОВА
4. ЃОРЃИ СТОЈАНОВ – КЛАСА ПИЈАНО НАСТ. АНА АРАНГЕЛОВА И ЃОКЕ МИЛАДИНОСКИ
5. ИЛИЈА СТОЈАНОВ – КЛАСА КЛАРИНЕТ НАСТ. ЛАЗАР СОКОЛОВ
6. ДАРКО МИРЧЕВСКИ – КЛАСА ПИЈАНО НАСТ. ВЕСНА ПАВЛОВА
7. ТИАНА ДИМОВА – КЛАСА ПЕЕЊЕ НАСТ. МАРТА РИСТОВА И РАДИЦА КОСТАДИНОВА
8. ТЕА ДИМОВА –КЛАСА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ НАСТ. ГОРАН ЈАНЕВ
Видео презентација
Млад пијанист од Македонија освои прво место на натпревар во Србија
Прво место на меѓународен натпревар во Србија освои младиот пијанист Петар Атанасов, ученик во четврто одделение во основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци, од класата на професор Весна Павлова.
– Тој ја освои првата награда во дисциплината клавирско соло – предкатегорија Б, на меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, Република Србија, информира денеска Павлова за натпреварот кој се одржа во средата, пренесува МИА.
На натпреварот како што кажа таа, задолжително се изведуваа композиции од различни временски епохи.
– Петар Атанасов се претстави со три композиции и тоа од времето на барокот – Сеикас „Токата“, од класиката – В.А.Моцарт „Фачиле Соната“ и од импресионизмот – К.Дебиси – Албум за млади „Голивоговата парада на Тортата“, соопшти професорката.
Во неговата категорија се натпреваруваа 33 учесници од повеќе држави и тоа БиХ, Хрватска, Литванија, Романија, Србија и Македонија.
Петар Атанасов досега има освоено прва награда на Државниот натпревар на млади музичари „Хармонија МБ“ во 2014 година, прва награда на 4. Меѓународен натпревар на млади пијанисти во Гевгелија во 2014 година.
Заедничка грижа за правилно насочување на учениците
Во врска со реализираните активности од проектот ,, Заедничка грижа за правилно насочување на учениците “ на 18.03.2015г среда се реализира активноста „Родителот е наставник “во холот на училиштето каде што предавач – наставник беше Г-дин Диме Крстев – самостоен инспектор во полициска станица Кавадарци а предаваше за Безбедност на учениците во сообраќајот.

Пропозиции за Меѓународен натпревар по Камерна музика Кавадарци 2014год
УПИСИ ЗА УЧЕБНАТА 2014/15 ГОДИНА
Започнувајќи од 01.05.2014год.до 31.05.2014год. во ООМБУ“Лазо Мицев- Рале“ Кавадарци се во тек уписите за ученици во прво одделение за учебната 2014/2015 на следниве оддели:
– 6 годишна возраст за виолина и пијано
–9 годишна возраст за кларинет, труба, флејта, хармоника, балет, народни инструменти
– 12 годишна возраст за отсекот пеење
Потребни документи за упис се:
–Извод од матичната книга на родените
–Пријава која се добива во училиштето
Истите може да се доставуваат во училиштето секој работен ден од 08-13 часот
Принципи во методиката за дувачките инструменти
ВЕЖБАЊЕ
Успехот при вежбањето зависи од што посериозен пристап, навидум досаден, но затоа пак резултатот е поголем. На почетокот на вежбањето треба да се анализира материјалот па потоа да се пристапи кон вежбање. Прво се изработуваат тешките места, а потоа се прави динамика, агогика, фразирање и интерпретација. За да не дојде до грешење и застанување пред изведба, тешките места изведувачот треба да ги знае напамет. Многу е важно да се вежба континуирано а не инцидентно со паузи од неколку дена. Сите досегашни методи укажуваат на тоа сите кои вежбаат седејќи, при настап пред публика имаат потешкотии со високите тонови, се јавува чувство на пореметување во дишењето и кај нив најчесто се јавува трема. Кај почетниците времето на вежбање треба постепено да се наголемува затоа што кај почетникот усните се слаби па е потребно време да зацврстат (амбажур). Почетникот треба да вежба 15-20 мин. со пауза од 1-2 час, па пак 15-20 мин. По еден месец 30-40 мин. со одмор од 1 час. Кај постари ученици 1 час вежбање со пауза од 30 мин. Дневното вежбање трае 3-5 часа поделено на два пати (претпладне и попладне).
Подготвил:
М-р Лазар Соколов, професор по кларинет во ООМБУ „Лазо Мицев – Рале“ Кавадарци
Почитувани љубители на музичката уметност
Резултати од натпреварот во камерна музика
Во светот каде знаењето е моќ, а културата и уметноста богатство, ОМБУ Лазо Мицев – Рале – Кавадарци со голем успех ја извршува својата мисија: РАСАДНИК НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ
-ги оспособува младите таленти за понатамошно напредување и образование
-перманентно ги создава условите за презентација на усвоените технички и естетски врености на концертно натпреварувачки сцени
-соработува со асоцијацијата на музички педагози со цел да обезбеди услови младите таленти да го достигнат својот развој.
Визијата на ОМБУ Лазо Мицев – Рале – Кавадарци е да ги подготвува учениците на најдобар можен начин за натамошно вклучување во повисоките инстанци на образованието.
Кавадарци има за цел и самото да прерасне во повисока образовна институција: од општинско основно во Државно средно училиште. За да се оствари оваа визија нашето училиште:
-ќе работи кон континуирано подобрување на наставата а со тоа и на зголемување на задоволството на учениците и вработените
-перманентно ќе го усовршува наставниот кадар
-ќе ја промовира важноста на професионализмот.

