Во петокот, на 16 декември 2016, во Галеријата и Салата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, свечено беше затворено годинашното издание на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“. Оваа година манифестацијата донесе над 70 настани и тоа изложби, концерти, промоции, предавања и др.
Вечерта беше составена два дела:
Првиот содржеше отворање на изложба на уметничка фотографија на Димитар Чунговски, насловена како “Два света“.
Вториот дел беше целовечерен концерт “Златко Јованов (труба) и пријателите“, со што се одбележа неговата педагошката дејност и работа со млади таленти (трубачи) од Кавадарци.
