Monthly Archives: March 2019
Известување
Почитувани,
Согласно дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2018/2019 година,
Воспитно – образовната работа за учениците се организира на ден 16.03.2019 (сабота), со распоред на часови од понеделник со кој се одработува 21 јануари 2019 година.
Со почит
Меѓународен натпревар на дувачи и камерна музика
На 03.03.2019г се одржа Меѓународен натпревар на дувачи и камерна музика во Неготин Краина- Србија на кој учесвто зедоа ученици по флејта кај наставничката Силвана Ч. Атанасова и пијано кај наставник Јелица Лазарова
– Миа Мартина Маџункова – прва награда
– Јосипа Василевска – прва награда
– Клавирско трио(две флејти и пијано)
Миа Мартина Маџункова, Јосипа Василевска и Верица Ристова – прва награда
Семинар по труба со проф. Пенчо Пенчев од Р.Бугарија во Штип

Концерт што ги обедини сите млади музичари од Кавадарци

На радост на голем број млади таленти од Кавадарци и од околината, сѐ уште живее една прекрасна традиција, која остава посебна светлина на божиќните празници. Основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев-Рале“ од овој град на 8 јануари го организира традиционалниот Божиќен концерт, кој ги обединува сите сегашни и поранешни свои ученици, кои го продолжиле своето образование во средните музички училишта и на Факултетот за музичка уметност. Заедно со нивните наставници тие секоја година приредуваат незаборавно музичко доживување, а публиката еднаш во годината има можност на еден концерт да ги проследи музицирањата на најдобрите млади таленти од градот. Концертот се одржа во домот на културата „Иван Мазов-Климе“ каде што и овој пат се бараше место повеќе.
Сплет од божиќни песни исполни хорот при училиштето, а потоа следуваа соло-настапи на Тиана Димова, Иван Стојанов, балетска точка, квартетот кларинети со Илија Стојанов, Мартин Орешков, Александар Стојков и нивниот наставник Лазар Соколов, триото виолини, Леонид Неде Гогов, Марија Ристовска и Мелоди Паункова, флејтистките Миа Мартина Маџункова и Јосипа Василевска во придружба на пијано на Верица Ристова, сите добитници на први награди на државни и на меѓународни натпревари.
Од богатата програма на свечениот концерт ги издвојуваме настапите на Даниела Јовановска, пијано, Јован Јованов на кларинет, Тодор Ушитков и Драган Петков на хармоники, Стефчо Волчев со руско-унгарскиот сплет на хармоника, настапот на традиционалниот оркестар при училиштето и квартетот труби: Стојанче Соколов, Гоце Цоневски, Васко Рошков и Александар Митревски.
Печат на божиќниот концерт му даде настапот на оркестарот составен од ученици, средношколци, студенти и професори под диригентство на Звонко Богев, кој на публиката ѝ овозможи да ужива во неколку валцери и да аплаудира на прекрасниот „Радетски марш“.