10.01.2017г БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ во Домот на култура Иван Мазов Климе Кавадарци. Учесници сегашни ученици и ученици кои завршија музичко образование кај нас и сега се образуваат во средните музички училишта и факултети во државата.

[Best_Wordpress_Gallery id=”3″ gal_title=”НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ”]

Posted in Uncategorized

Целовечерен концерт на Силвана Чулева Атанасова, флејта и Емилија Кабаранова Филипова, пијано

Во средата на 21 декември 2016, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци се одржа целовечерен концерт на Силвана Чулева Атанасова, флејта и Емилија Кабаранова Филипова, пијано

Posted in Uncategorized

Кавадаречка културна есен

Во петокот, на 16 декември 2016, во Галеријата и Салата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, свечено беше затворено годинашното издание на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“. Оваа година манифестацијата донесе над 70 настани и тоа изложби, концерти, промоции, предавања и др.
Вечерта беше составена два дела:
Првиот содржеше отворање на изложба на уметничка фотографија на Димитар Чунговски, насловена како “Два света“.
Вториот дел беше целовечерен концерт “Златко Јованов (труба) и пријателите“, со што се одбележа неговата педагошката дејност и работа со млади таленти (трубачи) од Кавадарци.

Posted in Uncategorized

Камерна музика Кавадарци 2016

На 23 и 24 ноември 2016, во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци се одржа седмиот натпревар “Камерна музика Кавадарци 2016“. Настанот беше во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и ООМБУ “Лазо Мицев Рале“ Кавадарци.
Прогласување на Лауреати и свечено затварање на Седмиот Меѓународен натпревар за Камерна музика Кавадарци
ЛАУРЕАТИ на овогодинешниот натпревар за КМК 2016 се учениците Јосипа Василевска(флејта), Мартина Мишова(флејта), Миа Мартина Маџункова(флејта), Јована Стефанова(флејта), Тамара Стојанова(флејта), Викторија Ристевска(флејта), Роза Добринова(флејта), Менче Стојановска(флејта), Александар Серафимов(флејта) и Даниела Јовановска(пијано) во дисциплината состави со пијано – А2 категорија под менторство на наставниците Силвана Ч. Атанасова и Весна Павлова.


Posted in Uncategorized