64ти Државен натпревар на Музички и балетски педагози на Р.Македонија

64ти Државен натпревар на Музички и балетски педагози на Р.Македонија учениците од класата по Традициски инструменти наст.Горан Јанев при ООМБУ Лазо Мицев-Рале ги постигнаа следниве резултати:
Петар Иванов,Јордан Ристов,Димитар Митрев,Иван Камчев и Стефан Настов
🥇I-награда 99 поени
Драган Мецанов,Дамјан Орешков,Никола Милошев и Александар Мелов Бучков
🥇I-награда 98 поени
Кирил Ристов,Ѓорѓи Анѓелков,Дамјан Орешков,Драган Мецанов и Ангел Димитров
I-награда 99 поени
Ангел Димитров и Филип Стојаноски
🏆💯I-специјална награда 100 поени
Честитки до сите ученици за постигнатите резултати 🥇🏆💯

Голема гордост и радост!

Голема гордост и радост! 🎹✨
Нашиот ученик Благој Тодоров освои Laureat во Италија со 98 поени на меѓународниот натпревар Angel Voice! 🇮🇹🏆
Трудот, посветеноста и љубовта кон музиката секогаш носат резултати. Браво! 👏

Денови на Македонската култура во Ниш 2024

Во рамки на манифестацијата „Денови на Македонската култура во Ниш 2024“, во преполната сала на НУ Центар за култура, музичкиот оркестар ООМБУ „Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци, изведе прекрасен концерт на изворни македонски народни песни. Организатор на настанот е здружението на Македонците „Вардар“ од Ниш, со поддршка на градот Ниш и општина Пантелеј. Со ова се повеќе ја зголемуваме и подобруваме нашата соработка со нашите збратимени општини на повисоко ниво.