На четвртиот меѓународен натпревар на млади пијанисти кој се одржа на 24 и 25 мај во Врање, Р.Србија, Пијано-дуо Борис Давидов и Марко Арангелов, под менторство на наставник Весна Арангелова, во втората категорија освои ПРВА НАГРАДА. Натпреварувачите ги оценуваше комисија од пијано-педагози и концертмајстори од Белград, Скопје и Софија. Ова е уште еден од низата успеси на ООМБУ „Лазо мицев – Рале“ од Кавадарци.
Балетски отсек на 24 мај 2014 година учествуваше на International Dance Festival во Скопје.
Во категорија на возраст ,,children“ и стил на танцување ,,open“, балетскиот отсек оценуван од меѓународно жири, награден е со 1 Место.
Кореографијата со која се претставија учениците е од наставникот Билјана Грозданова Ивановска.
На натпреварот учествуваа учениците: Камелија Самарџиева, Велика Кузева, Маја Мантева, Елена Камчева, Верица Конева, Надица Златанова, Марија Бошкова, Душица Стрезоска, Дајана Кузманова, Ивана Кимова, Аница Цветкова, Билјана Илчевска, Благица Дафчева, Вероника Тодорова, Цветанка Каракулева, Андријана Каракулева, Ивана Тодорова, Илина Николова, Стефанија Лазова и Мишела Кадрова.
На 26.05.2014г во Врање, Р. Србија беше одржан ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ на кого учество зедоа ученици Првенци на генерацијата од нашето училиште како и ученици добитници на награди на Државниот натпревар во Скопје. На овој хуманитарен концерт беа донирани средствата, собрани на Годишниот хуманитарен концерт на нашето училиште.
Ученици од нашето училиште кои на општинскиот во Кавадарци и на регионалниот натпревар во Штип се здобија со високи резултати се стекнаа со право да учествуваат и на државниот натревар во Скопје. Во деновите 15,16 и 17.05.2014г(четврток, петок и сабота) во Скопје се одржа Петтиот Државен натпревар за млади музичари во организација на Здружението на директори и наставници на музичките и балетски училишта на Македонија “Хармонија МБ“. Се натпреваруваа ученици во следните предмети: кларинет, труба, флејта, пијано, камерна музика, пеење, солфеж и теорија на музика и се здобија со следните награди:
– Од класата по кларинет кај наставникот Лазар Соколов
Прва категорија
– Кристијан Колев – втора награда
– Митко Стојанов – трета награда
Втора категорија
– Горан Гинов – втора награда
– Драган Вчков – трета награда
– Александар Стојков – втора награда
– Глигорчо Грозданов трета награда
– Од класата по кларинет кај наставникот Пешо Бошков
Прва категорија
– Горан Костадинов – втора награда
Втора категорија
– Стефан Стојанов – прва награда
– Коста Печевски – втора награда
– Од класата по пијано кај наставничката Весна Павлова
Предкатегорија
– Стефанија Андонова – прва награда
– Петар Атанасов – прва награда
– Од класата по пијано кај наставничката Јелица Лазарова
Предкатегорија
– Зорица Јовчева – прва награда
– Верица Ристова – прва награда
– Благица Трпкоска – втора награда
– Од класата по флејта кај наставничката Силвана Ч. Атанасова
Прва категорија
– Миа Мартина Маџункова – прва награда
– Викторија Ристевска – втора награда
– Роза Добринова – трета награда
Втора категорија
– Менче Стојановска – пофалница
– Александар Серафимов – пофалница
– Од класата по труба кај наставникот Златко Јованов
Прва категорија
– Виктор Грижев – втора награда
– Диме Ризов – втора награда
– Влатко Витанов – прва награда
– Јован Николов – втора награда
Втора категорија
– Благој Атанасов – прва награда
– Антонио Сирмев – втора награда
– Александар Витанов – втора награда
– Стефан Николов – втора награда
– Ванчо Трајковски – втора нагарда
– Никола Митрев – втора нагарда
Трета Категорија
– Илија Мицев – прва нагарда
– Петар Галапчев -прва нагарда
– Петар Најдовски – специјална награда
– Од класата по труба кај наставникот Перо Арсов
Втора категорија
– Јане Арсов – втора награда
– Теорија на музика – наставник Даниела П. Маџункова
– Тиана Димова – втора награда
На 16.05.2014г (петок) се натпреваруваа ученици во следните предмети: камерна музика, пеење и пијано и се здобија со следните награди:
Камерна музика – пијано дуо
Втора категорија
– Катерина Ѓорѓиова и Ѓорѓи Стојанов – прва награда од класите по пијано кај наставничките Ана Арангелова и Јелица Лазарова
– Марко Арангелов и Борис Давидов – втора награда наставник Весна Арангелова
ПИЈАНО
Предкатегорија – класа пијано наставник Весна Павлова
– Петар Атанасов – прва награда
– Стефанија Андонова – прва нагарда
Прва категорија – класа пијано наставник Ана Арангелова
– Даниела Јовановска – втора награда
ПЕЕЊЕ – Класа наст. Марта Ристова
Прва категорија
– Тиана Димова – прва награда
– Милка Велкова – втора награда
– Христина Димова – трета награда
17.05.2014г Солфеж – Предкатегорија А –
Kласа наст.Ангелина Исакова
– Петар Атанасов – трета награда
– Зорица Јовчева – трета награда
На 29.05.2014 во Скопје се одржа концерт со учениците, добитници на специјални награди на државниот натпревар. Дипломите свечено им беа доделени од страна на министерот за образование Г-дин Спиро Ристовски.




