Денови на Македонската култура во Ниш 2024

Во рамки на манифестацијата „Денови на Македонската култура во Ниш 2024“, во преполната сала на НУ Центар за култура, музичкиот оркестар ООМБУ „Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци, изведе прекрасен концерт на изворни македонски народни песни. Организатор на настанот е здружението на Македонците „Вардар“ од Ниш, со поддршка на градот Ниш и општина Пантелеј. Со ова се повеќе ја зголемуваме и подобруваме нашата соработка со нашите збратимени општини на повисоко ниво.