Во средата на 21 декември 2016, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци се одржа целовечерен концерт на Силвана Чулева Атанасова, флејта и Емилија Кабаранова Филипова, пијано

Кавадаречка културна есен
Во петокот, на 16 декември 2016, во Галеријата и Салата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, свечено беше затворено годинашното издание на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“. Оваа година манифестацијата донесе над 70 настани и тоа изложби, концерти, промоции, предавања и др.
Вечерта беше составена два дела:
Првиот содржеше отворање на изложба на уметничка фотографија на Димитар Чунговски, насловена како “Два света“.
Вториот дел беше целовечерен концерт “Златко Јованов (труба) и пријателите“, со што се одбележа неговата педагошката дејност и работа со млади таленти (трубачи) од Кавадарци.

Камерна музика Кавадарци 2016
На 23 и 24 ноември 2016, во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци се одржа седмиот натпревар “Камерна музика Кавадарци 2016“. Настанот беше во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и ООМБУ “Лазо Мицев Рале“ Кавадарци.
Прогласување на Лауреати и свечено затварање на Седмиот Меѓународен натпревар за Камерна музика Кавадарци
ЛАУРЕАТИ на овогодинешниот натпревар за КМК 2016 се учениците Јосипа Василевска(флејта), Мартина Мишова(флејта), Миа Мартина Маџункова(флејта), Јована Стефанова(флејта), Тамара Стојанова(флејта), Викторија Ристевска(флејта), Роза Добринова(флејта), Менче Стојановска(флејта), Александар Серафимов(флејта) и Даниела Јовановска(пијано) во дисциплината состави со пијано – А2 категорија под менторство на наставниците Силвана Ч. Атанасова и Весна Павлова.


ООМБУ Лазо Мицев Рале
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИЗНАНИЈА
Прогласување на првенци на генерацијата за учебната 2015/2016г
– Од класата по труба кај наставникот Васко Рошков првенци на генерација се Стефан Николов и Благој Атанасов
– Од класата по труба кај наставникот Звонко Богев првенец на генерација е Никола Трајковски
– Од класата по труба кај наставникот Перо Арсов првенци на генерацијата се Александар Витанов и Ване Трајковски
– Од класата по кларинет кај наставникот Лазар Соколов првенци на генерацијата се Александар Стојков и Горан Гинов
– Од класата по виолина кај наставникот Лазо Атанасов првенци на генерацијата се Леонид Неде Гогов и Ана Илова
– Од класата по пијано кај анставничката Весна Павлова првенец на генерација е Ристе Спанџов
– Од класата по балет кај насатвничката Билјана И. Грозданова првенец на генерацијата е Камелија Самарџиева
– Од класата по пеење кај наставничката Радица Костадинова првенец на генерација е ученичката Калина Ристова
– Од класата по пијано кај наставничката Ангелина Исакова првенец на генерација е Ќире Наумчев
ПРOЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВO OБРАЗOВАНИЕТO.
Среќен роденден
И З В Е С Т У В А Њ Е
И З В Е С Т У В А Њ Е
Започнувајќи од 01.05.2015г во ООМБУ„Лазо Мицев Рале“ Кавадарци се во тек уписите за учебната 2015/2016г на следните оддели:
– 6 годишна возраст за виолина и пијано
– 9 годишна возраст за кларинет, труба, флејта, хармоника, балет, народни инструменти
– 11-12 годишна возраст за отсекот пеење
Потребни документи за упис се:
– Извод од матична книга на родени
– Пријава за упис која се добива во училиштето
Истите може да се доставуваат кај педагогот во училиштето секој работен ден од 08-13ч.
Директор Златко Јованов





