ООМБУ“Лазо Мицев-Рале“Кавадарци започнувајќи од 02.05.2017г во ООМБУ„Лазо Мицев Рале“ Кавадарци се во тек уписите за учебната 2017/2018г на следните оддели:
– 9 годишно образование за виолина и пијано (ученици со 6 годишна возраст – I одделение)
– 6 годишно образование за кларинет, труба, флејта, хармоника, балет, традициски инструменти (ученици од 9 годишна возраст – IV одделение )
– 3 годишно образование за отсекот пеење (ученици на 11-12 годишна возраст – VII одделение)
Потребни документи за упис се:
– Извод од матична книга на родени
– Пријава за упис која се добива во училиштето
Истите може да се доставуваат кај педагогот во училиштето секој работен ден од 08-13ч.
Заинтересираните за повеќе информации да се обратат во музичкото училиште.
Директор Златко Јованов