ВЕЖБАЊЕ
Успехот при вежбањето зависи од што посериозен пристап, навидум досаден, но затоа пак резултатот е поголем. На почетокот на вежбањето треба да се анализира материјалот па потоа да се пристапи кон вежбање. Прво се изработуваат тешките места, а потоа се прави динамика, агогика, фразирање и интерпретација. За да не дојде до грешење и застанување пред изведба, тешките места изведувачот треба да ги знае напамет. Многу е важно да се вежба континуирано а не инцидентно со паузи од неколку дена. Сите досегашни методи укажуваат на тоа сите кои вежбаат седејќи, при настап пред публика имаат потешкотии со високите тонови, се јавува чувство на пореметување во дишењето и кај нив најчесто се јавува трема. Кај почетниците времето на вежбање треба постепено да се наголемува затоа што кај почетникот усните се слаби па е потребно време да зацврстат (амбажур). Почетникот треба да вежба 15-20 мин. со пауза од 1-2 час, па пак 15-20 мин. По еден месец 30-40 мин. со одмор од 1 час. Кај постари ученици 1 час вежбање со пауза од 30 мин. Дневното вежбање трае 3-5 часа поделено на два пати (претпладне и попладне).
Подготвил:
М-р Лазар Соколов, професор по кларинет во ООМБУ „Лазо Мицев – Рале“ Кавадарци