За нас

Со редовна настава училиштето започна на 1-ви Февруари 1970 година под раководство на тогашниот директор Миле Димов. Во 1970 год.  деканот на ВМШ од Скопје, академик проф. Властимир Николовски пратил телеграма во Кавадарци до ново формираното : ….Најмладото, тринаесетто по ред ОМУ во Република Македонија, со желби истото да стане расадник на млади таленти….

Од учебната 2008/2009 година, ООМБУ „Лазо Мицев – Рале“ наставата ја изведува на две локации: во новата зграда на ул. Браќа Миладиновци бб и балетскиот отсек во училишната (стара) зграда на локација ул. Партизанска бб. Новата училишна зграда ги исполнува сите стандарди на една современа образовна институција. Во текот на учебната година поставени се компјутерски инсталации.

Училиштето задоволува со наставниот кадар, а учениците го завршуваат основното музичко образование на следните отсеци: пијано, кларинет, хармоника, пеење, флејта, виолина, труба, народни инструменти и балет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *